Дома Фудбал Англија Нова идеја: Сите клубови од Премиер лигата се изолираат во два кампа, сезоната ќе се доигра по принцип на СП

Нова идеја: Сите клубови од Премиер лигата се изолираат во два кампа, сезоната ќе се доигра по принцип на СП

Премиерлигата е прекина пред неколку недели поради пандемијата на коронавирус, па сега челниците сакаат да обезбедат услови за да се заврши сезоната и разгледувата неколку идеи.

Според „Индепендент“ едно од сценаријата вклучува формирање на два кампа со кои ќе бидат разделени 20-те тима. Тие ќе ги изиграат сите преостанати натпревари во рамките на шест недели во јуни и тоа по принцип на Светско првенство.

Камповите ќе бидат базирани во Мидленд и Лондон. Таму тимовите ќе се припремаат и ќе ги играта мечевите на неколку определени стадиони. Се разлисмува дури натпреварите да се играат во тренерските бази, бидејќи секако ќе се играат без публика.

Меѓутоа, логистиката ќе биде многу тешка, бидејќи покрај тимовите во камповите треба да бидат затворени и сите официјални лица на клубовите, телевизиските екипи кои треба да обезбедат пренос на натправарите, како и лекарските служни на клубовите.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов дизајн: Фотографии од новиот дрес на Јунајтед, нема да биде оној од кој навивачите се разочараа

На социјалните мрежи се проширија фотографии од домашниот дрес на Манчестер Јунајтед за сл…