Дома Фудбал Англија Ништо од Премиер лигата за Лидс и Алиоски: Големо славје на Лампард и Дерби! (ВИДЕО)

Ништо од Премиер лигата за Лидс и Алиоски: Големо славје на Лампард и Дерби! (ВИДЕО)

0

Френк Лампард и Дерби Каунти ќе се борат за влез во Премиер лигата наредната сезона, додека Лидс на Алиоски ги изгуби шансите за место во Премиер лигата нарендата сезона.

Лидс и Дебри одиграа фантастичен натпревар.

Домаќинот беше фаворит бидејќи во првиот натпревар на гостински терен победи со 0:1, а вечерва дури и поведе со голот на Далас во 24-тата минута.

Се имаа играчите на Марсело Биелса и навивачите зад себе и вкупен резултат 2:0, се што требаше да го приведат натпреварот кон крајот, но следуваше голем пад во нивната игра.

Прво Мериот изедначи на 1:1 во 45-тата минута за веќе на стартот на вториот дел работите целосно да се свртат.

Маунт погодува за 1:2 и изедначен вкупен резултатот, Вилсон од пенал подоцна погоди за целосен пресврт во вкупниот резултат на Лидс. Четири минути подоцна Лидс се врати во игра со вториот гол на Далас.

Клучниот момент од натпреварот се случи во 79-тата минута кога Берарди го заработи вториот жолт картон и предвреме го заврши натпреварот. На пет минути пред истекот на регуларните 90 Мериот постигнува гол за големо славје на Дерби.

Во финишот од натпреварот исклучување заработи Малони кај гостите, но веќе беше предонцна за домаќинот да направи нешто.

 

Во финалето за последното место кое води во Премиер лигата наредната сезона ќе играат Дерби Каунти и Астон Вила.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…