Maроканецот Хаким Зијеш како стојат работите до крајот на преодниот рок сигурно ќе го напушти Челзи.
Овој 29 годишник на „Стенфорд Бриџ“ пристигна летото 2020 година од Ајакс за 40 милиони евра, но во дресот на „сините“ не ги исполни очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зијеш не е во прв план кај тренерот Томас Тухел и поради тоа се повеќе се шпекулира дека ќе си замине ова лето. На почетокот на сезоната во трите натпревари Зијеш одигра само 26 минути.
Поради тоа Мароканецот е одлучен да замине. Се поврзуваше со неколку клубови, Милан беше голем фаворт да го доведе, но изгледа дека од тоа нема да има ништо. Англиските медиуми пренесуваат дека Зијеш е на чекор од изненадувачки трансфер и може да се врати во Ајакс.
Ајакс би можел да го продаде Антони на Манчестер Јунајтед за дури 100 милиони евра, а дел од таа сума ќе биде вложена во трансферот на Зијеш. Очекувањата се дека Ајакс може да го добие за 20 милиони евра.