Дома Останати Кошарка Ништо од МЗТ – Мекејлеб се сели во Шпанија

Ништо од МЗТ – Мекејлеб се сели во Шпанија

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, кариерата ќе ја продолжи во Гран Канарија.

Шпанскиот тим ја потврди веста на својата официјална интернет страница, без да објави повеќе детали за трансферот на Мекејлеб кој речиси цело лето се поврзуваше со македонскиот шампион МЗТ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Мекејлеб минатата полусезона ја мина во француски Лимож, кај својот поранешен тренер Душко Вујошевиќ и во просек бележел по 11,5 поени и 3,3 асистенции по натпревар.

Во кариерата Мекејлеб има настапувано за Мерсин, Партизан, Монтепаски, Фенербахче и Баерн Минхен.

Американецот беше дел од македонската репрезентација која на ЕП во 2011 година го освои четвртото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн е страшен: И на 40 години изведе спектакуларно забивање (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од Сан Антонио Спарс во четвртфиналето на …