Дома Фудбал Англија Ништо ново во Арсенал: „Малерот“ на Венгер продолжува да го следи и Емери

Ништо ново во Арсенал: „Малерот“ на Венгер продолжува да го следи и Емери

0
emery

Aрсенал неколку сезони наназад под водство на Арсен Венгер имаше големи проблеми со повредените играчи, а таквата ситуација продолжи и оваа сезона кога во клубот пристигна Унаи Емери.

Фудбалерот Мејтланд-Најлс оваа сезона беше предвиден да биде еден од стартерите бидејќи зад себе имаше одлични месеци.

Меѓутоа уште на стартот во Премиер лигата во дербито против Манчестер Сити овој фудбалер заработи повреда на левата нога и сега ќе мора да оди на рехабилитација од два месеци.

За работата да биде полоша за Емери и Арсенал тој не е единствениот повреден играч.


Следете го Sportski.mk и на


Сеад Колашинац би требало да се врати во октомври поради повреда на коленото, надвор од тимот е Карл Џенкинсон, а наскоро се очекува враќање на Начо Монреал и Дани Велбек.

Арсенал во првото коло од Премиер лигата забележа пораз од Манчестер Сити со 2:0.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фиго: Реал Мадрид ќе пишува историја и без Роналдо

Поранешниот играч на Реал Мадрид го пофали кралскиот клуб. Разбијте го здодевното обложува…