Дома Фудбал Англија Ниту Фергусон повеќе не верува во Тен Хаг, легендата има свој фаворит

Ниту Фергусон повеќе не верува во Тен Хаг, легендата има свој фаворит

Maнчестер Јунајтед во последниот викенд во Премиер лигата ја продолжи лошата форма откако на „Олд Трафорд“ ги победи Тотенхем со 0:3. По шест кола Јунајтед веќе има три порази и освои само седум бода што е премалку за таков гигант.

Тренерот Тен Хаг редовно е критикуван во медиумите и таквите резултати се разочарување за навивачите кои очекуваат повеќе со потрошените 650 милиони евра на нови играчи откако е тој во клубот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека натпреварот против Лига Европа и гостувањето кај Астон Вила во Премиер лигата се клучни за да си ја спаси работата. Наводно, пред Тен Хаг бил поставен услов дека тимот не смее да загуби на ниту една од овие две средби.

Во медиумите веќе се пишува за потенцијалните кандидати меѓу кои се Симоне Изнаги од Интер, Томаш Тухел и Масимилијано Алегри. Според информациите од Островот, поранешниот тренер на Јувентус е фаворит на Сер Алекс Фергусон.

Фергусон смета дека Алегри е вистинскиот човек за Јунајтед во овој момент. Во кариерата Италијанецот освои Скудето со Милан, а потоа пет пати го освојуваше првенството и купот со Јувентус. Исто така го водеш тимот до две финалиња во Лигата на шампионите.

Без ангажман Алегри е од летото кога го заврши неговиот втор мандат во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед ја „краде“ големата желба на Барселона

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс ова лето на големо се поврзуваше со заминување…