Играчот на Динамо Загреб и шпански репрезентативец, Дани Олмо е главна ѕвезда во зимскиот преоден рок.
Шпанскиот фудбалер воодушеви со своите игри на „Максимир“ и е мета на многу европски гиганти, а последните информации сега дека ќе направи „изненадувачки“ трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Олмо силен интерес покажуваат Милан и Барселона, кои испратија понуда и се очекуваше Шпанецот да заврши во еден од овие два фудбалски гиганти.
Меѓутоа, во трката за неговиот потпис се вклучи и Вулверхемптон, кој е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис и му нуди подобри финансиски услови.
Динамо Загреб е спремен да ја прифати понудата на англискиот клуб бидејќи ќе има процент од следната продажба, па сега се очекува одговор од Олмо.