Дома Фудбал Шпанија загуби уште еден ѕвезден играч за натпреварот со Бугарија

Шпанија загуби уште еден ѕвезден играч за натпреварот со Бугарија

Офанзивецот на Барселона, Дани Олмо, е следниот ѕвезден фудбалер на Шпанија, кој отпадна од тимот за светските квалификации со Грузија и Бугарија. Олмо беше принуден да ја напушти денешната тренинг-сесија, откако почувствувал мускулна болка во листот на левата нога, по што му беа направени испитувања и е донесена одлука Олмо утре да се врати во Барселона.

“Олмо пристигна уморен во кампот и не тренираше од почетокот на неделата. Денес тренираше 15 минути, но не се чувствуваше добро, па му рековме да го прекине тренингот. Потоа отиде да направи некои испитувања. Повредите се грозоморниот дел од фудбалот. Многу го сакам и знам колку е посветен на репрезентацијата. Мораме да ги победиме овие натпревари. Ќе биде тешко, бидејќи противниците имаат играчи на високо ниво”, изјави селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Од почетокот на неделата тимот на Шпанија го напуштија последователно Родри, Дин Хаусен и Олмо, а пред тоа истото се случи и со Ламин Јамал. Фабиан Руис, Нико Вилијамс, Гави и Даниел Карвахал исто така ги пропуштаат претстојните натпревари со Грузија и Бугарија поради повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И навивачите на Барселона останаа без зборови поради одлуката на Левандовски: Или тоа или одам во пензија!

Роберт Левандовски е поврзан со премин во Милан кој е веќе подготвен да го ангажира Полјак…