Новак Ѓоковиќ оваа пролет бара враќање во некогашната форма, а ново наговестување дека е на вистинскиот пат даде и победата над Нишикори на стартот на турнирот во Мадрид.
Ќе видиме како сето тоа ќе изгледа во следниот дуел, со Британецот Кајл Едмунд во второто коло, а во исчекување на тој двобој, одекна изјавата на Американецот, Џон Изнер кој со одбрани зборови зборуваше за најдобриот тенисер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мислам дека Ѓоковиќ ќе се врати на нивото на кое беше пред повредата. Ѓоковиќ е најдобар играч кој сум го видел и против кого сум играл, кога беше во врвна форма“, истакна Изнер, пренесува „Мундо Депортиво“.
Роџер Федерер не го спомена, но пофални зборови имаше и за Рафаел Надал.
„Никогаш не сум триумфирал против Рафа и се чини дека тоа е невозможно. Кога игра како сега, нема слабост. Леворакиот е силен и секогаш оди до крај, се бори за секој поен“, заклучи Изнер.