Ако некој „за сите пари“ ја заслужил шампионската титула во европскиот фудбал – тоа оваа година е Монако. кипата на Леонард Жардим синоќа славеше на домашен терен совладувајќи го Сент Етјен со 2:0, со што и формално ја обезбеди осмата шампионска титула во својата историја.
На „Кнезовите“ им беше доволен само бод, но тие ги сакаа сите три од овој дуел, за на најубав можен начин да се простат од публиката на стадионот Луј II. А тоа беше уште една рутинска фудбалска претстава за најталентираниот тим во Европа, кој на најубав начин ја отвори најталентираниот играч на Стариот континент – Килијан Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Француското чудо од дете после асистенцијата на Фалкао, во свој стил незапирливо сруши сè пред себе и ја смести топката во празната мрежа.
Монако го „давеше“ противникот до последните мигови од натпреварот, а тогаш во стрелците се запиша и упорниот резервист Валер Жермен, кој во третата минута од продолжението ја круниса со погодок една од многуте контри на својот тим.
Тој погодок закажа и големо славје на стадионот, кое веројатно во текот на ноќта се префрли и на улиците од кнежевството.