Дома Фудбал Репрезентации Никој како Данците: Со перфектен скор обезбедија Мундијал!

Никој како Данците: Со перфектен скор обезбедија Мундијал!

Репрезентацијата на Данска е најимпресивна во квалификациите за Мундијалот кој во Катар ќе се одржи наредната година.

Во групата Ф Данска со перфектен скор е на врвот и веќе го обезбеди пласманот на Светското првенство. Во досегашните осум кола Данска има осум победи 27 постигнати гола и ниту еден примен. Во просек постигнуваат 3.375 голови по натпревар.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


И треба да се напомене дека групата во која игра и не е толку наивна па да се каже дека не им било многу тешко. Во неа има две селекции кои играа на последното Европско првенство, Шкотска и Австрија, тука и незгодниот Израел, аутсајдер се Фарски Острови и Молдавија.

За споредба со другите селекции Италија и Швајцарија имаат по еден примен гол, но нивната ефикасност е далеку од таа на Данска. Холандија постигна 29 гола, но прими шест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мо Салах не ги сака новите соиграчи?

Барем така велат Германците кои застануваат на страната на мнозинството новопристигнати мо…