Дома Фудбал Останато „Никој во светот не знае како точно се објаснува правилото за играње со рака“

„Никој во светот не знае како точно се објаснува правилото за играње со рака“

Првиот човек на УЕФА истакнал незадоволство од правилото за санкционирање на игра со рака. Според Чеферин ова правило мора да биде појасно.

Словенецот призна дека и самиот не знае со сигурност кога е пенал, кога не, а доказ дека треба да има појаснување бил собирот на најдобрите тренери.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„Ги собравме најдобрите тренери во една просторија. Им покажавме ситуација во која еден фудбалер игра со рака и поставивме прашање дали е пенал. Половина одговорија дека е пенал, половина сметаа дека не е.

Одлуката мора да биде оставена на судијата на теренот, во спротивно немаме потреба од него. УЕФА испраќа препораки до судиите да носат одлуки на своја проценка, односно сами да проценат дали некое движење е природно, дали топката одела кон голот, каква опасност имало…“, изјави Чеферин и откри дека формиран бил посебен борд.

„Формираме специјален борд во кој членови се имиња како Мурињо, Анчелоти, Малдини, Фиго…Тој борд ќе треба да носи препораки за работи поврзани со фудбалски прашања“, истакан првиот човек на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…