Последните натпревари од Лигата на Нации не само што донесоа промени во лигите со испаѓање и промоции, туку кај многу репрезентации влијае и на позицијата пред ждребот за квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Најголем впечаток после вчерашните натпревари секако е падот за на Германците вториот шешир. Така светскиот шампион од 2014 година ќе стартува од вториот шешир и тоа благодарение на Полска која успеа да освои бод против Португалија 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога станува збор за нашата репрезентација не очекува тежок ждреб со оглед на тоа дека се наоѓаме во петтиот шешир, а тоа значи дека ќе добиеме четири репрезентации подобро рангирани.
За еден бод пред нас заврши Грузија, а тоа немаше да биде случај доколку не го претрпевме единствениот пораз во групата од Лигата на Нации против Ерменија.
Ќе потсетиме, Македонија се уште е во игра и за пласман на Европското првенство преку Лигата на Нации каде што ќе играме полуфинале против Косово.