Дома Трансфер зона „Не сме спремни за доаѓањето на Меси, стадионот нема ограда, доаѓаме без обезбедување…“

„Не сме спремни за доаѓањето на Меси, стадионот нема ограда, доаѓаме без обезбедување…“

Лионел Меси вчера и официјално потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами од МЛС лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Славниот Аргентинец по прекинот на соработката со ПСЖ одлучи да се пресели во САД. Меси го избра Интер Мајами покрај понудите за враќање во Барселона и супер богатата од Саудиска Арабија.

Интер Мајами е еден од послабите тимови во лигата со оглед на учинокот оваа сезона, а голманот Ник Марсман смета дека тимот не е спремен за да има играч како Меси во своите редови.

„Мислам дека овој клуб не е спремен за доаѓање на Меси. Имаме привремен стадион, луѓето лесно можат да влезат на терен и нема ограда. На стадионот доаѓаме без обезбедување. Навистина сметам дека не сме спремни, но се надевам дека се ќе се заврши на најдобар начин за клубот“, изјави Марсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…