Дома Фудбал Англија Не ни пристигна во клубот, а новиот тренер на Арсенал се соочува со огромни проблеми

Не ни пристигна во клубот, а новиот тренер на Арсенал се соочува со огромни проблеми

Францускиот стратег Арсен Венгер одлучи да ја напушти клупата на Арсенал на крајот од оваа сезона.

По 22 години дојде времето клубот да оди во некоја друга насока. Договорено е прекинување на договорот, а клубот во моментов е во потрага по нов тренер. Меѓутоа, кој и да пристигне на клупата на Арсенал нема да има премногу пари за склопување на тимот. Како што пишува „Телеграф“, урпавата на клубот одлучила на новиот тренер да му овозможи „само“ 50 милиони фунти за засилувања, што сосема сигурно ќе претставува голем проблем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубот во изминатиов период потроши големи пари на засилувања. Пристигнаа некои големи имиња во клубот, но доби резултати немаше, па новиот тренер ќе има многу помалку пари за засилувања од што имаше Венгер во претходниот период. Меѓутоа, дополнителни пари за новиот тренер ќе има во случај на одредени продажби на фудбалери. Веќе е најавено неколку заминувања од „Емирати“, а секоја фунта на новиот тренер добро ќе му дојде за освежување на тимот.

Ако големи и значајни заминувања нема да има, новиот тренер сосема сигурно ќе има проблем за скромни 50 милиони фунти да доведе фудбалери кои ги сака во својот тим, но и повеќе милиони не можат да им гарантираат повеќе на навивачите кои од 2004. година ја чекаат титулата шампион на Англија. Клупата на „Топчиите“ очигледно претставува голем предизвик за секое име кое ќе ја превземе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…