Дома Останати Не може само Серена: Минела во петти месец бременост на терените од Вимблдон

Не може само Серена: Минела во петти месец бременост на терените од Вимблдон

Тенисерката од Луксембург, Менди Минела, го привлече вниманието во текот на првиот натпреварувачки ден на 131. издание на официјалното светско првенство во тенис, Вимблдон.

31-годишната Минела, која се наоѓа на 78. место на АТП листата, настапи на најголемиот тениски турнир во светот иако се наоѓа во петтиот месец од бременоста.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Таа во понеделникот загуби од Италијанката Франческа Скијавоне, но ќе остане на терените на „Ол Ингланд клаб“ бидејќи заедно со Анастасија Севастова ќе настапи и во дубл.

Минела во 2014 година стапи во брак со својот тренер Тим Зомер. Тие двајца кон крајот на годината ќе станат родители.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Во кариерата заработил 50 милиони евра, но сè уште живее со родителите

Карлос Алкараз е водечкиот тенисер во светот. Шпанецот е еден од предводниците на новата г…