Јувентус ова лето сака значително да го засили тимот и следната сезона да се врати во трката за Скудетото.
Најголеми промени ќе претрпи средниот ред, каде треба да пристигнат две големи ѕвезди од Премиер лигата.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Преговорите со Погба се во напредна фаза, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус започнал преговори и со Жоржињо.
Италијанецот има договор со Челзи до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката за во застој.
Жоржињо сака да се врати во Италија, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и започнал преговори со неговиот агент.
„Старата дама“ чека да се комплетира новото раководство на „сините“ за да испрати прва понуда за плејмејкерот.