Дома Трансфер зона Не е само Модриќ: Саудијците сакаат уште тројца фудбалери на Реал!

Не е само Модриќ: Саудијците сакаат уште тројца фудбалери на Реал!


Шпанскиот весник „Марка“ открива дека клубовите од Саудиска Арабија изразиле желба да доведат неколку фудбалери од Реал Мадрид во текот на летниот преоден период, притоа именувајќи четири фудбалски ѕвезди.

Меѓу нив е најголемата ѕвезда, Лука Модриќ, кој како слободен агент се очекува да го напушти Реал Мадрид. Сепак, исто така има интерес и за Начо, Лукас Васкез и Ферланд Менди.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Саудиските клубови веќе потрошија значителни суми пари за да доведат фудбалски ѕвезди кои настапуваат во Европа, а нивниот план е да продолжат со истата практика во наредните години.

Поради тоа, се очекува и ова лето да биде слично на претходното кога повеќе фудбалери од Европа се одлучија да потпишат договори со клубовите од оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…