Претседателот на Олимпискиот комитет на Италија, Џовани Малаго изјави дека не го одобрува потенцијалното доаѓање на Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим.
Според Малаго не е во ред Ѓоковиќ да биде дел од турнирот во Рим ако не е вакциниран, а ќе потсетиме српскиот тенисер неодамна порача дека и по цена на кариерата нема да се вакцинира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали е во ред Ѓоковиќ да учествува на Мастерсот во Рим? Апсолутно не. Не би било во ред да се тушира, тренира и спие во комплексот со остатоткот од играчите. Секојдневно добивам мејлови од загрижени родители на кои децата не можат нормално да им се занимаваат со спорт поради бараните сертификати“, изјави Малаго.
Ќе потсетиме Ѓоковиќ вчера го започна турнирот во Дубаи и лесно се пласираше во следната рунда.