Дома Трансфер зона Не ги сакаат сите саудиските милиони: Бразилски напаѓач одби шест пати поголема плата

Не ги сакаат сите саудиските милиони: Бразилски напаѓач одби шест пати поголема плата

Саудиските клубови тргнаа во голема офанзива во воој преоден рок, шесте најсилни клубови во оваа земја се во сопственост на кралското семејство од оваа земја и имаат скоро неограничени финансиски средства за доведување на засилувања.

Во Саудиска Арабија веќе се Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нголо Канте, Калид Кулибали, Едуард Менди, Марсело Брозовиќ, Рубен Невеш...Се обидел тимот на Ал Хилал да го доведе напаѓачот на Фламенго, Педро.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Понудата која му ја испратиле била со шест пати поголема плата, но Педро порачал дека трансферот не го интересира и повеќе не сакал да му испраќаат понуди. Ако напаѓачот ја прифатеше понудата Саудијците ќе ја платеа клазулата која изнесуваше 60 милиони евра.

Педро зад себе како најдобар стрелец го предводеше Фламенго до освојување на Копа Либертадорес, кариерата ја започна во Флуминенсе, од каде што се пресели во Фиорентина. Во Италија не се снајде, но од враќањето во Бразил пред три години постигна 92 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул спреми богата понуда за Пулишиќ

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан и американски репрезентативец Кристиан…