Дома Фудбал Останато Нејмар само што потпиша рекорден договор со „Пума“ прави голем проблем на компанијата?

Нејмар само што потпиша рекорден договор со „Пума“ прави голем проблем на компанијата?

Голема бура се крена после натпреварот помеѓу ПСЖ и Марсеј откако играчите на двата тима се влегоа во физичка пресметка пред самиот крај на мечот.

Веќе добро познато е што се случуваше на натпреварот на „Паркот на Принцовите“. По инцидентите Лига 1 ги објави суспензиите, најлошо помина Курзава кој доби шест натпревари суспензија, додека Нејмар и Леандро Пардес добија по два.

Меѓутоа сагата околу Нејмар не е завршена. Бразилецот го обвини Алваро Гонзалес за расизам и против играчот на Марсеј истрагата е во тек. Но, Марсеј одговори и порача дека имаат докази дека Нејмар на расна основа го навредувал Хироки Сакаи.

Поради тоа на Нејмар му се заканува нова суспензија, а француските медиуми пишуваат дека би можел да биде казнет со неверојатни 20 натпревари суспензија.

Ако се случи такво нешто тоа ќе донесе и проблем за „Пума“, компанија со која Нејмар неодамна потпиша договор. Бразилецот го напушти „Најк“ и премина во „Пума“ за рекорден договор во светот на спротот со сума поголема од 30 милиони евра годишно.

Само неколку недели по потписот на договорот тој се засени. Во „Пума“ стравуваат од потврдување на навредите од Нејмар кон Сакаи.

Нејмар има многу фанови во Кина и Јапонија каде што „Пума“ заработи многу откако договорот беше потпишан, но падот по обвинувањата за навреди на Сакаи се почувствувал уште пред се да биде потврдено. Поради тоа во „Пума“ се надеваат дека Нејмар не го навредил „Сакаи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено: Како Манчестер Јунајтед го „украл“ Роналдо пред „носот“ на Ливерпул

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Жерар Улије откри како Манчестер Јунајтед го добил Роналд…