Дома Фудбал Нејмар на чекор од потпис на нов договор со ПСЖ

Нејмар на чекор од потпис на нов договор со ПСЖ

Нејмар пред четири години ги сруши сите рекорди бидејќи за неверојатни 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.

Бразилецот во каталоскиот клуб играше четири години и освои се што можеше, а потоа ги изненади сите со одлуката да се пресели во Париз.

ПСЖ тогаш ја активира откупната клазула од 222 милиони евра без никакви преговори со Каталонците. Барсе потоа се обиде да го врати Нејмар и тој сакаше да се врати, но од тоа не испадна ништо.

Нејмар сега тврди дека е среќен во ПСЖ и е подготвен да го продолжи договорот кој му истекува следното лето.

Не е тајна дека ПСЖ и Нејмар веќе преговараат за продолжување на договорот и како се чини Бразилецот нема брзо да го напушти Париз. Le Parisien објави дека договор е веќе постигнат, односно дека Нејмар ќе потпише договор до летото 2026. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп: Фирмињо не е спремен, Мане е во добра форма

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно нема да може да смета на Роберто Фирмињо во ут…