Дома Фудбал Останато Нејмар за Најила: Се беше доброволно, таа самата бараше

Нејмар за Најила: Се беше доброволно, таа самата бараше

0

Се појавија нови детали за случајот на Нејмар, односно за обвинувањата дека ја сил*увал манекенката Најила Тринидаде на 15-ти мај во хотел во Париз.

Бразилскиот „Рекорд“ го објави разговорот помеѓу моделот и нејзиниот (сега веќе) поранешен адвокат на „Ватс Ап“ во која го обвинува Нејмар со тешки зборови.

„Дали требаше да одам на лекарски преглед? Мислев дека нема жива да се вратам од Бразил. Сакав да го разоткријам уште во Париз, но се плашев затоа што бев сама. Мој боже, тој е луд“, напишала Најила, а адвокатот и одговорил:

„Законот те штити, ако имаш фотографии тоа е доволно. Кога малку ќе се смириш испрати ми го материјалот“.

Најила не се смирла и продолжила со пораките.

„Ме тепаше и ја фотографираше страната на која ме удираше, веројатно за да се фали на пријателите. Идниот ден јас него го удрив бидејќи не сакав да се вратам дома така лута. Ме тепаше и ме сил*ваше, беше под дејство на алкхол, а можеби и други посилни супстанци. Насилен е треба да биде затворен, тој не е човек кој треба да биде во друштво на други луѓе, закана дури и самиот за себе“, напишала девојката.

Неколку часа подоцна повтроно Најила испратила порака до адвокатот.

„Ќе ја објавам снимката. Не сакам да испадне чист и среќно да продолжи да игра фудбал додека јас патам. Немам намера да патам сама“, стоело во новата порака Најила, на што адвокатот и одговорил:

„Правниот суд постои со причина, ако сакаш можеш ссама да бараш правда. Можеби е подобро да пронајдеш друг адвокат“.

Тринидаде се сложила и му ветила дека ќе му ја испрати потребната документација за раскинување на соработката.

Сега и Нејмар се појави пред јавноста и ја кажа својата страна.

„Односот беше доброволен и од двете страни. Таа бараше од мене да ја удрам неколку пати“, изјави Нејмар за „Глобо“.

Во меѓувреме Најила доби тужба за клевета откако ја прогласи бразилската полиција за корумпирана и поради тоа ќе се појави на суд.

„Само сакам правда и ќе одам до крај. Претрпев тешки моменти. Сакам да плати за се што ми направи“, порача Најила.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тоа е таа елеганција: Зидан покажа дека уште има магија во нозете (ВИДЕО)

Францускиот стратег Зинедин Зидан ужива во деновите од одморот пред напорната сезона која …