Дома Фудбал Останато Нејмар за навивачите: Ако сакаат да ми свират, нека свират

Нејмар за навивачите: Ако сакаат да ми свират, нека свират

0

Нејмар вчера се врати во тимот на ПСЖ и настапи во француската Лига 1, сепак навивачите јасно му покажаа дека не е пожелен.

Бразилецот во 92-та минута постигна одличен гол со „ножички“ за победа и три бода. Во овој натпревар тој доби големи критики и свирежи од страна на навивачите кои не се задоволни од неговиот однос кон клубот.

„Сите знаат што се случи. Ако сакаат да свират, нека свират. Нема ништо да им замерам на навивачите. Кога веќе ќе дојдат да навиваат за тимот можат да прават што сакаат. Кога тие се покрај нас многу сме посилни. Во тимот има 25 играчи и остатокот од тимот не заслужи да слуша свирежи. Јас немам ништо против нив. Пред две години спектакуларно ме дочекаа и тоа нема да го заборавам“, изјави Нејмар.

Во подобрување на односот секако може да помогне спектакуларниот гол со „ножички“.

„Среќен сум поради голот и победата за тимот. Одбраната беше одлично поставена, а ние пропуштивме многу прилики. На крајот успеав да постигнам гол и среќен сум поради тоа“, порача Нејмар.

Нејмар цело лето се обидуваше да издејствува враќање во Барселона, меѓутоа двата клуба не се договорија, па тој остана во Париз, барем засега.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед води против Ливерпул, Клоп збесна! (ВИДЕО)

Денес Манчестер Јунајтед и Ливерпул го играат дербито на колото во Премиер лигата. Во први…