Дома Фудбал Репрезентации Нејмар го „брка“ Пеле!

Нејмар го „брка“ Пеле!

Нејмар во текот на тренингот со репрезентацијата во среда се здоби со помала повреда на десното колено, но се очекува да игра во петок против Гана.

За ПСЖ Нејмар игра во одлична форма и постигна 11 голови на 11 натпревари во сите натпреварувања, исто така му асистираше на Меси во победата од 1:0 против Лион и тоа беше негова седма асистенција во првенството оваа сезона.

Навивачите на фантастичен начин го дочекаа во Авр каде што Бразил ќе игра против Гана во претпоследниот пријателски натпревар против Светското првенство.

Во овој момент Нејмар е вториот најдобар стрелец на Бразил со 74 гола, три помалку од легендарниот Пеле. Против Гана Нејмар ќе се обиде да се доближи или да го сруши овој рекорд.

Интересно е што последен пат кога Бразил играше на тој стадион во 1992 година Нејмар имаше само шест месеци. На Мундијалот во Катар ќе потсетиме „Кариоките“ се во група со Србија, Швајцарија и Камерун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Претседателот на Интер лут на тренерот Инзаги

Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на л…