Дома Фудбал Репрезентации „Неуништливиот“ Табарез уште 4 години ќе го води Уругвај!

„Неуништливиот“ Табарез уште 4 години ќе го води Уругвај!

71-годишниот Оскар Табарез ќе ја предводи селекцијата на Уругвај и на наредното Светско првенство во 2022 година во Катар, нормално доколку се пласира.

Имено, искусниот тренер денес потпиша нов 4-годишен договор со Федерацијата на Уругвај.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Популарниот „професор“ освен што е во осмата деценија од животот боледува од ретка болест на нервниот систем. Но и покрај тоа одлучи да продолжи да ја предводи репрезентацијата.

Табарез е на клупата на Уругвај по втор пат од 2006 година, а претходно ја педводеше репрезентацијата од 1988 до 1990 година. Уругвајците со него одиграа четири Светски првенства, а најдобриот успех го постигнаа 2010 година кога играа во полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…