Дома Фудбал Италија Несторовски заигра после седум месеци: За мене ова беше како финале во ЛШ!

Несторовски заигра после седум месеци: За мене ова беше како финале во ЛШ!

Македонскиот репрезентативец Илија несторовски после седум месеци конечно повторно заигра фудбал и тоа во пријателски натпревар за Удинезе против Копер.

Несторовски се повреди пред Европското првенство и поради тоа не можеше да настапи. Од повредата се врати пред неколку недели но во Серија А не добиваше шанса, па сега заигра на пријателската средба со Копер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Убаво е чов повторно да се врати на терените. Конечно се случи тоа и навистина сум среќен. Овој натпревар за мене беше како финале во Лига на шампиони. Седум месеци бев надвор од терените, неверојатно е кога повторно ќе се вратите. Среќен сум што добро помина затоа што со колената нема шега. Сега ми преостанува напорно да работам. Формацијата 4-3-2-1 е нешто во кое сум играл и во репрезентацијата и добро се чувствувам во неа. Работиме на оваа формација и ќе видиме како ќе растеме“, изјави Нестор.

Во претходниот период Несторовски се поврзуваше со трансфер во екипи од Серија Б, но и екипи од Катар и Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…