Дома Македонски спорт Мак фудбал Несторовски: Долго го чекавме овој момент, ќе одлучат срцето и желбата

Несторовски: Долго го чекавме овој момент, ќе одлучат срцето и желбата

Напаѓачот на македонската репрезентација, Илија Несторовски го даде своето мислење пред историскиот меч против Грузија.

Несторовски тврди дека оваа генерација на фудбалери долго го чекала овој момент и дека големата желба може да биде одлучувачка.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Конечно дојде собирот и подготовките за нашиот историски натпревар. Четири, пет години се бориме за ова и сега е време да се подготвиме за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Јас и цела репрезентација ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за да ја оствариме целта“.

„Ќе биде сосема поразлично од претходните натпревари. Срцето и желбата за победа ќе решаваат. Знаеме кои се добри, а кои лоши страни на Грузијците, но овие денови ќе ги анализираме и се надевам на многу позитивни работи. Имаме многу големи натпревари зад нас, не чувствуваме притисок. Гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надевам дека ќе се пласираме на Европското првенство”, истакна Илија Несторовски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…