Дома Фудбал Неодамна имаше рак и се бореше за живот, а сега со голот на кариерата донесе титула на својот народ!

Неодамна имаше рак и се бореше за живот, а сега со голот на кариерата донесе титула на својот народ!

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска го освои Африканскиот Куп на Нации откако вечерва во финалето со 2:1 ја победи Нигерија.

Имаше водство Нигерија со голот на Трост Еконг по 38 минути игра и со таа предност замина на плувреме. Но, во второто полувреме репрезентацијата која беше домаќин на шампионатот постигна два гола за големо славје.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Франк Кеси во 62-та минута донесе израмнување, а задоволството на трибините беше уште поголемо кога Себастијан Халер кој неодамна го победи ракот и се врати на терените постигна гол на десетина минути пред крајот за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го блокира трансферот на Анди Робертсон во Тотенхем

Управата на Ливерпул го блокира трансферот на Ендру Робертсон во Тотенхем. Во петокот дват…