Дома Фудбал Англија Необичната рутина на Де Брујн: Пред секој натпревар ја игра познатата игра на својот телефон

Необичната рутина на Де Брујн: Пред секој натпревар ја игра познатата игра на својот телефон

Нетфликс неодамна објави документарен филм “Together: Treble Winners” посветен на Манчестер Сити, а Кевин Де Брујн во него ја откри својата необична рутина пред натпреварите.

Соблекувалната на Сити пред натпревар обично е преполна со општи мотивациони коментари, главно од Кајл Вокер и Рубен Дијаз, но Де Брујн е поинаков.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што можат гледачите да видат во документарецот, Де Брујн ги става слушалките и се „исклучува“, обично го среќаваат додека ја игра популарната видео игра „Candy Crush“ на својот телефон пред секој натпревар.

Тој вели дека се фокусира на смирување и „исклучување“ на нервозата пред натпреварот.

“Јас само играм игри и малку разговарам со луѓето. Не можам да бидам смирен. Сите се различни и се чувствувам подобро колку што сум поопуштен пред натпреварот”, изјави Де Брујн.

Документарецот зборува за минатосезонскиот успех на Манчестер Сити кога „граѓаните“ ги освоија Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…