Дома Фудбал Лига на шампиони Нема само Реал проблеми: Ливерпул утре може да биде без Дарвин Нуњез

Нема само Реал проблеми: Ливерпул утре може да биде без Дарвин Нуњез

Реал Мадрид ќе биде ослабен со неиграњето на Чуамени и Крос (ТУКА), но на спротивната страна под знак прашалник е Дарвин Нуњез. Оваа информација ја откри на денешната прес-конференција за медиумите германскиот стратег, Јирген Клоп.

Уругваецот на последните два натпревари за Ливерпул одигра важна улога, постигнувајќи гол и асистенција, а имаше уште неколку добри прилики. Против Њукасл Дарвин го повреди рамото во дуел со Киеран Трипие.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Навивачите веднаш изразија загриженост дали тој ќе може да настапи против Реал Мадрид, Јирген Клоп се уште не може да потврди дали ќе го има на располагање.

„Има шанси да заигра утре. Ќе видиме како ќе се  чувствува и дали ќе има болки“, изјави Клоп.

Овој натпревар на програмата е утре во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…