Дома Фудбал Лига на шампиони Лоши вести за Анчелоти: Реал ослабен утре против Ливерпул

Лоши вести за Анчелоти: Реал ослабен утре против Ливерпул

Реал Мадрид го објави списокот на фудбалери за утрешниот натпревар против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Карим Бензема се врати во составот и тоа секако се одлични вести за италијанскиот стратег затоа што Реал без него во нападот не е ниту приближно истата екипа…Се мачеа против Осасуна во саботата и имаа само три обиди кон голот на ривалот во првото полувреме и беше нивни најлош учинок во сезоната.

Но, ако враќањето на Бензема е добра вест, тогаш отсуството на Чуамени и Крос е лошата и тие сигурно ќе го пропушат првиот натпревар на „Енфилд“.

Секако дека неиграњето на двајцата во средината ќе му ги отежни работите на италијанскиот стратег, па ќе видиме како ќе изгледа утре средниот ред на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Револуција во фудбалот: Ова се новите правила на Светското првенство

Пред почетокот на Светското првенство 2026, кое почнува за десет дена, Меѓународниот фудба…