Славен Билиќ денес заработи отказ во Вест Хем и не чекаше долго за да добие понуди за продолжување на кариерата.
За услугите на хрватскиот стратег, сериозно е заинтересиран турскиот великан Фенербахче, кој оваа сезона не игра на нивото на кое се очекува. Со оглед на тоа дека Хрватот своевремено беше предводник на Бешикташ, ќе биде интересно да се следи расплетот на оваа ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Фенер пак, на Билиќ се надеваат и навивачит на Глазгов Ренџерс, иако се уште не е познато дали некој од овој клуб го контактирал. Фановите на шкотскиот великан, на социјалните мрежи веќе го повикуваат Булиќ на „Иброкс“, со голема надеж дека Хрватот на крајот сепак ќе остане на Островот и тоа во нивниот клуб.
За потсетување, Славен Билиќ доби отказ по поразот од Ливерпул во рамки на 11. коло во Премиер лигата со резултат 4:1.