Беше најдобар фудбалер во светот, освојуваше титули во Италија и Франција, прогласен беше за фудбалер на векот и првиот африкански фудбалер со Златната топка, а денес стана претседател на својата држава.
Секако, зборуваме за Џорџ Веа (51) кој денес забележи нов голем успех, овој пат во политиката.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Овој пат е вистина, после првите лажни вести во октомри, денес „Мирор“ потврдува дека Веа е новиот претседател на Либерија.
Веа во својата кариера настапуваше за Челзи, Манчестер Сити, Монако, ПСЖ и Милан, откако престана да игра фудбал се посвети на политиката.
Вечерва тој победи на претседателските избори и го наследува Елен Џонсон Сирлеаф од кого изгуби во 2005 година.
Освен по фудбалските достигнувања, Веа е познат и по своите хуманитарни акции.