Дома Фудбал Германија Незгодно прашање за Левандовски: Дали бараше да ти ја додадат топката за да срушиш рекорд?

Незгодно прашање за Левандовски: Дали бараше да ти ја додадат топката за да срушиш рекорд?

Баерн Минхен ја декласира Борусија Менхенгладбах со 6:0 и на тој начин ја завери титулата во Бундеслигата.

За Баварците ова беше девета титула во низа, а повторно брилијантен беше Левандовски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Напаѓачот вчера постигна три гола и дојде до 39 погодоци оваа сезона и е многу блиску да го сруши рекордот на легендарниот Герд Милер.

Милер во сезоната 1971/72 постигна 40 погодоци и Левандовски во следните два натпревари ќе има шанса да го надмине.

Лева после натпреварот доби незгодно прашање од германските новинари. Дали бараше од соиграчот да ти ја додаде топката за да стигнеш до рекорд?

„Не, не сум. Не работам такви работи. Кога нешто премногу сакате најчесто тоа на крајот не го направите. Кога играш за екипа, ќе ја дочекаш својата шанса.“ – рече Левандовски.

Баерн до крајот на сезоната игра со Фрајбург и Аузбург, па Левандовски ќе има убава прилика да го сруши рекордот на Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…