Неверојатно, но вистинито. Денис Диекемиер 11 години чекаше на првиот гол во кариерата.
Диекемиер вчера донесе победа на својот Сандхаусен на гости кај Вехен во 28. коло од втората Бундеслига. Капитенот на гостите во 45. минута погоди со глава за конечни 0:1.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
За него ова беше првенец во професионалната кариера која ја има 11 години и одигра 277 натпревари. Со овие три бода неговиот тим излезе од долниот дел на табелата и влезе во помирна завршница на сезоната.
Диекемеиер не постигна гол на 203 натпревари во Бундеслигата каде што играше за Нирмберг и ХСВ, во втората лига за Сандхаусен собра 59 натпревари и 15 во третата дивизија за вториот тим на Вердер. Исто така не постигна гол и во 10 натпревари од Купот на Германија.
Погледнете како во неговиот дом се славеше првенецот.
Ich glaube, dass Dana Diekmeier sich freut… #Diekmeier #SVWWSVS https://t.co/Z6VV9soFia pic.twitter.com/jXuukIJknP
— Omar Ali (@omar_al04) May 26, 2020