Дома Останати Авто Мото Неврохирургот Анчари апелира: „Шумахер не е истата личност од пред 6 години“

Неврохирургот Анчари апелира: „Шумахер не е истата личност од пред 6 години“

Славната легенда на Формула 1, големиот Михаел Шумахер, веќе не е истата личност од пред шест години. Ова го апелира неврохирургот од Болоња Никола Ачари, до сите негови обожаватели и целокупната поширока јавност.

Седумкратниот светски шампион пред шест години доживеа несреќа на скијање на Француските Алпи. Несреќата се случи на 29 декември во 2019 година, Михаел Шумахер за време на скијање на необележена патека падна и со главата удри во камен поради што доби сериозни повреди на мозокот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од тој момент јавноста многу малку знае за вистинската состојба на големиот шампион. По долгиот престој во болница во индуктивна кома, Михаел Шумахер беше пуштен на домашно лекување во својот дом во Швајцарија, каде и денеска живее во тајност.

Од време на време во медиумите понекогаш се појавува по некој информација за здравствената состојба на популарниот Шуми од најблиските негови пријатели, за тоа дека Михаел е опкружен со внимание од децата и сопругата Корина, со него редовно е и броен медицински персонал, ангажиран по несреќата.

-Мораме да бидеме внимателни, заради тоа што многу малку има информации за Михаел Шумахер. По шест години тој сигурно веќе не е истиот кој го паметиме, изјавил италијанскиот доктор Никола Ачари.

Шумахер бил на третман со матични клетки, а докторот Ачари вели дека тој третман влијае главно на одржувањето на виталните органи.

„Неговата состојба ја олеснува вниманието што го добива. Неговата состојба бара константно внимание. Сето ова е последица од траумата што ја доживеал. Тој има луѓе со кои комуницира и тим од физиотерапевти. Мислам на атрофија на мускулите, пореметувањето на тетивите, остеопорозата, па дури и органски промени. Тоа е многу деликатна ситуација, која кај многу луѓе кои не можат финансиски да го издржат тоа, има неповратни последици и резултира со ран крај“, истакнал неврохирургот Никола Ачари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…