Дома Фудбал Англија Невил за Мегваер: Играчите не се роботи

Невил за Мегваер: Играчите не се роботи

Maнчестер Јунајтед застана покрај Хари Мегваер за инцидентот кој се случи на Миконос и тоа го оправдува легендарниот играч на овој клуб Гери Невил.

Капитенот на „црвените ѓаволи“ е прогласен за виновен за нанесување телесни повреди, обид за подминување на полицијата и навреди при апсењето на грчкиот остров Миконос. На Мегваер му беше изречена затворска казна од 21 месец, но истата по жалбата на фудбалерот се поништи и сега се чека судење кое ќе се одржи во наредните две години.

„Во текот на годините сведочев на бројни инциденти, во некои бев и лично вклучен…Луѓето прават грешки и прават работи кои често ги разочаруваат другите. Но, некогаш не можете да направите ништо“.

„Хари тврди дека не направил ништо лошо, но во ваков момент треба да се запраша дали сите околу него направиле нешто за да се избегне тоа што се случи. Единствено што сега може е да се потруди повторно да не се случи такво нешто“.

„Сигурен сум дека Манчестер Јунајтед ќе остане покрај Мегваер. Верувам дека оваа ситуација дури може да го засили тимскиот дух. Играчите не се роботи, луѓе се и нормално е да сакаат да одат на одмор со пријателите и да уживаат“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ја покажал својата лоша страна: Тоа воопшто не беа убави зборови

Во текот на натпреварот во средата помеѓу Манчестер Сити и Порто беше навистина напнато. Т…