Дома Фудбал Италија НЕВЕРОЈАТНО: Роналдо ќе дебитира за Јуве против Реал Мадрид

НЕВЕРОЈАТНО: Роналдо ќе дебитира за Јуве против Реал Мадрид

Денес е потврден еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот – Кристиано Роналдо после цели 9 години го напушти Реал Мадрид и се пресели во Јувентус.

Јувентус за официјално најдобриот фудбалер на планетата плати 105 милиони евра, а Роналдо ќе потпише 4-годишен договор тежок 120 милиони евра.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Португалецот се очекува во наредните денови да пристигне во Торино, а официјалната презентација е закажана за понеделник.

Она што е интересно е што Роналдо најверојатно ќе дебитира против Реал Мадрид во дресот на Јувентус.

Имено, овие два клуба ќе се сретнат на 4-ти август во Америка на пријателски меч во склоп на „International Champions Cup“.

Ќе биде интересно да се гледа Роналдо против „својот“ Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

По титулата новинарите го прашаа Конте за Јувентус, еве што одговори

Вечерва, Антонио Конте со својот тим го врати скудетото во Наполи. Во последното коло од С…