Дома Фудбал Останато Неверојатно: Постигнаа гол од половина терен, па судијата се збуни и го поништи!

Неверојатно: Постигнаа гол од половина терен, па судијата се збуни и го поништи!

Донесе правилна одлука, но чудно е тоа што порано ја прекина прославата на младите Чеси.

Ова секако би бил еден од најдобрите голови на сите времиња, да бил прекршок, а не индирект, или на патот кон голот некој да ја допрел топката.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Долго ќе се памети завршницата на натпреварот помеѓу Португалија и Чешка на Европското првенство за играчи помлади од 19 години. Португалците водеа со 2:1 кога во близината на центарот, на делот на теренот кој го брани Чешка, досуден е индирект за таа репрезентација. Чешкиот дефанзивец и капитен на тимот, Халус совшрено го изведе овој прекин и со повеќе од половина терен го совлада голманот на Португалија.

Целиот стручен штаб и тимот на Чешка тргна да се радува, бидејќи во завршницата успеаа да дојдат до бод, и тоа на каков начин, но по неколку десетина секунди турскиот судија го поништи голот поради тоа што се работеше за индирект, а топката на патот кон мрежата не допре до било кој друг играч.

Со еден збор – штета!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Педро Нето против ПСЖ направи срамен потег, па се извинил дури 35 пати (Видео)

Педро Нето се најде на удар на критики откако го турна момчето задолжено за собирање топки…