Дома Фудбал Италија Неверојатно: Навивачите на Интер застанаа во одбрана на расистите кои го навредуваа Лукаку!

Неверојатно: Навивачите на Интер застанаа во одбрана на расистите кои го навредуваа Лукаку!

Новото засилување на Интер, Ромелу Лукаку беше расистички навредуван на гостувањето во Сардинија, настан кој ја потресе Италија.

Напаѓачот на Интер беше жртва на навивачите на Каљари, кои го провоцираа со мајмунски крици, а сега се огласи и навивачката група на Интер, која застана во одбрана на фановите на Каљари.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Најверните навивачи на Интер, „Крва Норд“ му се  обратија на Белгиецот, а нивното писмо ја подели јавноста во Италија и дефинитивно го налути напаѓачот.

„Здраво Ромелу. Ти пишуваме пред групата Курва Норд. Тоа се момци кои ти посакаа добредојде во Милано. Навистина ни е жал што мислиш дека тоа што се случи во Каљари беше расистичко. Мораш да разбереш дека во Италија поинакви работи се сметаат за расизам. Ние во Италија користиме некои начини, како мајмунски крици за да го изнервираме противникот, но не и да го навредиме на расистичка основа…“, пишува меѓу другото во писмото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чурлинов откако го сруши Копенхаген среде Данска: Не сум само јас херој!

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов во вчерашниот натпревар на Јагелонија во Данска проти…