Карим Бензема обожава да игра натпревари од нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Групната фаза како да не е преголема мотивација за францускиот голгетер за потоа да се „разбуди“ во пролетниот дел од сезоната. Така беше минатата, така е и оваа година. Бензема на последните девет натпревари во нокаут фазата од Лигата на шампионите постигнал 14 голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Головите Бензема ги постигнал против тимови како што се Челзи, ПСЖ, Манчестер Сити и Ливерпул. На вчерашниот ривал, Челзи му дал вкупно пет гола, додека на Сити, ПСЖ и Ливерпул по три.
Ако на тоа се додаде и освоената Лига на шампиони тогаш јасно е зошто Бензема е „Златната топка“. Реал можеби е далеку од титулата во Ла Лига каде што Барселона има огромна предност, но куп натпреварите очигледно многу повеќе им одговараат на „кралевите“.