Дома Фудбал Останато Неверојатен рекорд: Гундоган постави рекорд кој можеби никој никогаш нема да го сруши!

Неверојатен рекорд: Гундоган постави рекорд кој можеби никој никогаш нема да го сруши!

0

Илкај Гундоган оваа сезона беше важен дел од шампионскиот тим на Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити доживеа елиминација во Лигата на шампионите, но успеа да ги освои трофеите во Лига Купот, ФА Купот и Премиер лигата.

Гундоган конечно оваа сезона доби поголема минутажа и одигра 36 натпревари. Статистичарите успеаа да забележат и дека Германецот остварил рекорд кој во фудбалот не е виден претходно.

Ако ги земеме во предвид настапите за Манчестер Сити и Германија Гундоган запишал победи со секој резултат од 1:0 се до 9:0.

Навистина еден неверојатен рекорд кој тешко дека ќе биде срушен во блиска иднина.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тоа е таа елеганција: Зидан покажа дека уште има магија во нозете (ВИДЕО)

Францускиот стратег Зинедин Зидан ужива во деновите од одморот пред напорната сезона која …