НБА ѕвездата, Џа Морант има огромен потенцијал и му се предвидува голема кариера, но засега се што прави на паркетот е во сенка на работите со кои се занимава надвор од теренот.
Морант на двапати беше суспендиран од Мемфис поради појавување со пиштол во јавноста. Сега повторно е во центарот на вниманието и тоа со објава со која го шокираше спортскиот свет.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, тој на својот ИНстаграм профил објави фотографии од најблиските со порака „збогум“. Набрзо кошаркарот ги тргна фотографиите од најблиските и останала само пораката „збогум“ со микрофонот од НБА.
Според тоа, веројатно Морант не планирал нешто пострашно, но сепак најавува крај на кариерата. Во овој момент тој е суспендиран на неопределено време од својот клуб.
Ja Morant posted a series of IG stories saying ‘love ya’ to his mom, dad and daughter.
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) May 24, 2023
And then a final story saying ‘bye’ with a photo of a NBA On TNT microphone 👀 pic.twitter.com/qsXwE8tx02
Додека играше на паркетот сезонава, Морант оствари просек од 26.2 поени и 8.1 асистенции по натпревар.