Кошаркарот на Сан Антонио, Лони Вокер, кој е популарен во НБА поради својата несекојдневна фризура, ја покираше јавноста со своето признание.
21-годишниот призна дека бил сексуално злоставуван и малтретиран од член на неговото семејство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Вистината околу тоа зошто долго време ја чував оваа фризура е дека на еден начин ми служеше како заштита поради лошите работи кои ми се случија во петто одделение. Нема да ги откријам имињата, но бев сексуално злоставуван, силуван и искористен…“
„Дури се навикнав на тоа бидејќи тогаш не знаев што е правилно. Верував дека мојата коса е она што можам да го контролирам, а фризурата ми даде самодоверба“, стои во објавата на Вокер.
Во текот на изолацијата поради вирусот тој се соочил со демоните од минатото, па сега решил конечно да погледне кон иднината.