Дома Фудбал Останато На 74 години стана најстариот професионален фудбалер во светот

На 74 години стана најстариот професионален фудбалер во светот

Eзледин Бахадер е новиот рекордер! Овој Египќанец стана најстариот професионален фудбалер во светот на – 74 години!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За да влезете во гинис во овој сегмент потребно е да одиграте два официјални натпревари со полна минутажа, а Бахадер на 74 години успеа да го направи тоа. Пред пандемијата тој го одигра првиот меч, а сега во саботата вториот. Така го запиша своето име во гинисовата книга за рекорди.

Бахадер го одигра натпреварот за својот тим 6. Октомври и го одигра цел меч во поразот од 2:3 против Ал Ајат Спортс. Сепак, резултатот нас и не ни е толку важен.

Бахадер е роден на 3. ноември 1945 година, а интересно е што во мечот пред пандемијата постигна и гол. Вчерашниот натпревар го одигра на две недели пред да наполни 75 години.

Натпреварот го следеле неговите шест внуци, тие биле на стадионот за да го видат историскиот подвиг на нивниот дедо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ефектот од Светското првенство: “Само кажете колку барате за него, подготвени сме на сè”

Диоманде е играч којшто неколку екипи веќе долгу време го посакуваат во своите редови. Как…