Дома Фудбал Останато На 18-ти септември на „Рајко Митиќ“ во Белград ќе биде и Диего Марадона?

На 18-ти септември на „Рајко Митиќ“ во Белград ќе биде и Диего Марадона?

Црвена Звезда првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите ќе го игра против Наполи во вторник на 18-ти септември.

Како што дознаваат српските медиуми на овој натпревар ќе присуствува и легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Еден ден после ждребот го побаравме Диего за заедно да одиме на натпреварот на Црвена Звезда – Наполи, беше воодушевен од идејата, вети дека ќе даде се од себе да дојде. Ќе ни потврди во текот на неделата“, ја пренесуваат српските медиуми изјавата на пријател на Марадона.

Да потсетиме, Марадона во Наполи има култен статус. На 259 натпревари постигна 115 погодоци, а со клубот од југот на Италија има и две титули во Серија А, Куп на Италија и Куп на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…