На Јувентус со најновата казна во Серија А му беа одземени десет бодови поради „пумпање“ на цените на одредени фудбалери со цел да се поправи финансискиот извештај и да се избегне казна за кршење на финансискиот фер-плеј.
Сега по таа казна на Јувентус му е потребно чудо да игра во Лигата на шампионите, а пред него се Аталанта, Рома и Милан. Милан е четврти со пет повеќе од „старата дама“ и до крајот на сезоната има уште само две кола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така за првпат по 11 години Јувентус не би се пласирал во најелитното европско натпреварување, а „Газета дело Спорт“ наведува дека италијанскиот гигант би останал без 90 милиони евра колку што би заработил од УЕФА.
Ќе потсетиме, на Јувентус прво му беа одземени 15 бодови, но по жалбата истите му се вратија, па за сега повторно да му се одземат споменатите десет.