Дома Фудбал Останато На Шпанците малку им треба: Кој му ја „лајкна“ сликата на Мирален Пјаниќ?

На Шпанците малку им треба: Кој му ја „лајкна“ сликата на Мирален Пјаниќ?

0
pjanic

Играчот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ во последно време се повеќе се поврзува со трансфер во Барселона.

Италијанските и шпанските медиуми речиси секојдневно пишуваат за интересот на каталонскиот гигант за играчот на Јувентус, а приказната одеднаш доби еден вид наградба. Имено, шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ забележа дека последната фотографија на Пјаниќ на Инстаграм му ја лајкнаа двајцата фудбалери на Барселона – Лукас Дигне и Самуел Умтити.

Интересно е тоа што споменатите фудбалери своевремено ја делеа соблекувалната со Пјаниќ, Дигне во Рома, а Умтити во Лион. Сосема логично е дека двајцата го следат на Инстаграм и дека му лајкнуваат фотографии, но изгледа дека споменатиот шпански весник се обидува од тоа да направи некоја сензација со цел да продолжи приказната за трансферот на овој играч во Барселона.

За крај да додадеме дека за услугите на Пјаниќ се заинтересирани, освен Барселона, Баерн, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи. Барем доколку може да веруваме на странските медиуми…


Следете го Sportski.mk и на


 

Bye bye Turkey and thank you 🇹🇷👌🏻 Beautiful place

A post shared by Miralem Pjanić (@miralem_pjanic) on

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најголем проблем на Шпанците е – Пике!

Жерард Пике после Светското првенство се прости од дресот на Шпанија, но и тоа како недост…