Дома Фудбал На стадионот се појавија политичари, па навивачите се дезинфицираа 🎥

На стадионот се појавија политичари, па навивачите се дезинфицираа 🎥

Навивачите на шпански Рајо Ваљекано каде што настапува македонскиот голман Столе Димитриевски станаа хит во светот.

Имено, навивачите на овој клуб ги собраа симпатиите на пошироката јавност откако го чистеа и дезинфицираа стадионот затоа што на него се појавиле политичари. Ваљекано играше со Албасета, дуел кој заврши без победник 2:2.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На овој натпревар присутни беа двајца политичари на десничарската партија на „Вок“. Оваа партија е трета по сила на Пиринеите. Присуството на политичарите не им се допаднало на навивачите па тргнале во акција.

После натпреварот тие облекле скафандери и со средства за хигиена започнале за дезинфицираат се.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го прави најголемото изненадување во трансфер периодот

Манчестер Јунајтед интензивно бара ново решение за голманската позиција, бидејќи Анре Онан…